Здружението на агроекономистите на Република Северна Македонија (ЗАЕМ) е здружение на граѓани – агроекономисти, формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување и усогласување на своите професионални, научни и социјални интереси и заради вршење дејности и активности со цел обединување и организирање на своите членови за проблемите поврзани со економиката во агрокомплексот. ЗАЕМ, исто така, ги здружува агроекономистите со другите заинтересирани (почесни и придружни членови), да даваат совети и идеи за конкретни економски и политички прашања од областа на земјоделството, прехранбената индустрија и руралниот развој во Република Северна Македонија.
Од неговото формирање во 1997 година до денес, граѓаните се здружуваат во ЗАЕМ заради остварување на поширок заеднички интерес, а тоа е развој на одржливо земјоделство и рурални средини во Република Северна Македонија.