top of page

Посебни цели и задачи на ЗАЕМ се:

  • Поврзување, обединување и организирање на своите членови на прашања од областа на економиката во агрокомплексот и сите подрачја на неговото дејствување, за успешен развој и зголемување на ефективноста во агроекономската наука, практиката и образованието;

  • Соработка со државни и други институции за решавање на агроекономски проблеми;

  • Заштита на општите професионални, научни и социјални интереси на членовите.

За остварување на своите цели и задачи, ЗАЕМ:

  • Соработува со државните органи, стопанските претпријатија и фирми, задругите, фармерските и семејните стопанства, претставници од јавниот сектор и  невладините организации во земјава и пошироко;

  • Покренува и законска иницијатива од агрокомплексот;

  • Ги заштитува општите, научните и социјалните интереси на агроекономистите;

  • Расправа за актуелни проблеми во агроекономската наука;

  • Работи за ширење демократијата, плурализмот, научната критика и колегијалната етика помеѓу агроекономистите;

  • Ја чува и популаризира историјата на оваа професија;

  • Соработува со Универзитетите за подигање на нивото на високото образование, итн.

bottom of page