Посебни цели и задачи на ЗАЕМ се:
-
Поврзување, обединување и организирање на своите членови на прашања од областа на економиката во агрокомплексот и сите подрачја на неговото дејствување, за успешен развој и зголемување на ефективноста во агроекономската наука, практиката и образованието;
-
Соработка со државни и други институции за решавање на агроекономски проблеми;
-
Заштита на општите професионални, научни и социјални интереси на членовите.
За остварување на своите цели и задачи, ЗАЕМ:
-
Соработува со државните органи, стопанските претпријатија и фирми, задругите, фармерските и семејните стопанства, претставници од јавниот сектор и невладините организации во земјава и пошироко;
-
Покренува и законска иницијатива од агрокомплексот;
-
Ги заштитува општите, научните и социјалните интереси на агроекономистите;
-
Расправа за актуелни проблеми во агроекономската наука;
-
Работи за ширење демократијата, плурализмот, научната критика и колегијалната етика помеѓу агроекономистите;
-
Ја чува и популаризира историјата на оваа професија;
-
Соработува со Универзитетите за подигање на нивото на високото образование, итн.